Кошаркарот Никола Јокиќ се присети дека имал проблем со вишокот килограми, кој брзо го преболел.
– Можеби не треба да кажам како се хранев порано. Пиев скоро четири литри газиран пијалок дневно! Го сакав. Но, не сум испил ни капка во последнава година ипол – изјави лани Јокиќ.
Јокиќ за 42 дена успеа да ослабе 14 килограми, а клучна улога во тоа имаше фитнес тренерот Стив Хес.
– Мислам дека слабеењето е една од најдобрите работи што сум ги направил во кариерата. Хес ми помогна да ја балансирам тежината, ми направи посебен режим на исхрана. Сега јадам шест до осум пати на ден, протеински шејкови, салати, пилешко, риба – рече Никола и додаде:
– Ама сето тоа се приготвува на здрав начин, со специфично масло кое..е Бљак! Ужасно е, но научив да се хранам здраво и сакам да продолжам да го правам тоа. Не јадам глупости, слатки, масни и лути.
Вака се храни Никола
1. Урамнотежен внес на протеини
Протеините се клучни за регенерација на мускулите, што е особено важно за спортистите како Јокиќ. Тој се потпира на квалитетни извори на протеини како пилешко, риба, јајца, а понекогаш и црвено месо.
2. Претпочита сложени јаглехидрати
Јокиќ се фокусира на потрошувачката на сложени јаглехидрати како леб од цело зрно, кафеав ориз, овесна каша и зеленчук, кои му ја обезбедуваат потребната енергија за долгорочни тренинзи и натпревари.
3. Многу овошје и зеленчук
Како дел од урамнотежена исхрана, Јокиќ јаде многу свежо овошје и зеленчук, кои му обезбедуваат витамини, минерали и антиоксиданси, кои се клучни за закрепнување и општото здравје.
4. Контролиран внес на масти
Внимавајте на внесот на здрави масти кои потекнуваат од маслиново масло, авокадо, јаткасти плодови и риба. Тие се важни за одржување на енергијата и здравјето на срцето.
5. Добра хидратација
Никола сега најмногу троши обична вода и се грижи да внесува доволно количество течност за да остане хидриран, што е клучно за најдобри можни перформанси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.