Авионот кој ги пренесуваше кошаркарите на Јута џез удри во јато птици и остана без еден од моторите. Поради тоа, авионот што леташе од Солт Лејк сити кон Мемфис, мораше принудно да слета, односно да се врати на аеродромот од каде што полета по само неколку минути.

По ударот во јатото птици, моторот на авионот извесно време горел по што се исклучил.

Според портпаролот на тимот, оштетувањата на моторот биле големи и поради тоа не сакале да ризикуваат и го откажале летот за Мемфис.

Резултати од синоќешните натпревари:

Вашингтон – Шарлот  104:114

Денвер – Филаделфија  104:95

Феникс – Атланта  117:110

ЛА Клиперс – Орландо  96:103

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.