Бекот на Торонто, Фред ван Флит го одигра најдобриот натпревар во својата кариера при што собори неколку клупски и рекорди на НБА лигата.

Ван Флит го предводеше Торонто до победа против Орландо (123:108) со постигнати 54 поени. Со тоа го сруши клупскиот рекорд што го држеше Демар Дерозан, кој постигна 52 поени против Милвоки на 1 јануари 2018 година.

За да дојде до таквата бројка, Ван Флит имаше шут од игра 17/23, меѓу кои и 11 тројки од 14 шута, а беше непогрешлив од линијата за слободни фрлања (9/9). Со 11-те тројки, Ван Флит дојде на само една тројка  од клупскиот рекорд, што го постигна Дониел Маршал во 2005 година.

Што е уште поголемо постигнување, постигнатите 54 поени на Ван Флит се најмногу на еден натпревар од играч што не бил избран на драфтот, надминувајќи го легендарниот Мозес Мелоун, кој стигна до бројка од 53 поени.

Својата историска вечер, Ван Флит ја заокружи со три скока, три украдени топки, три блокади и две асистенции.

Резултати од синоќешните натпревари:

Орландо – Торонто  108:123

Бруклин – ЛА Клиперс  124:120

Индијана – Мемфис  134:116

Вашингтон – Портланд  121:132

Јута – Детроит  117:105

Голден Стејт – Бостонс  107:111

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.