Кошаркарот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг, побара да се почитува неговата одлука да не се вакцинира против корона вирусот.

Разбирам дека оваа одлука има финансиски импликации, но реалноста е дека за да бидам со тимот во Њујорк треба да се вакцинирам. Донесов одлука да не се вакцинирам и ве замолувам да ја почитувате оваа одлука. Ќе продолжам да тренирам за да бидам фит и подготвен да им се придружам на соиграчите. Не се работи за политика ниту за НБА. Поентата е мојот живот и во изборот што јас лично го правам – изјави Ирвинг за „ЕСПН“.

Пред два дена, Ирвинг беше суспендиран од клубот поради одбивање да се вакцинира, бидејќи тој не може да учествува на домашните натпревари затоа што Њујорк воведе забрана за влез во јавни затворени простории на невакцинирани лица.

Иако забраната не се однесува на натпреварите на гости, клубот одлучи 29-годишниот кошаркар да не биде дел од ниту еден натпревар на клубот додека не се вакцинира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.