Лос Анџелес лејкерс загуби на гостувањето кај шампионот Голден Стејт со 115-101. На овој натпревар не настапи Леброн Џејмс, кој имал воспаление по кам-бекот од повредата и паузата од еден месец.

Американските медиуми пишуваат дека по натпреварот имало голема расправија во соблекувалната на Лејкерс. Наводно, двајца постари играчи му се нафрлиле на тренерот Лук Волтон.

Мајкл Бизли и Џавал Мекги не биле задоволни од некои одлуки на тренерот па решиле да му се спротивстават. Медиумите јавуваат дека другите кошаркари морале да интервенираат за да не дојде до физичка пресметка.

Бизли и Мекги се познати по својот темперамент. Овој инцидент може да предизвика и многу промени во таборот на Лејкерс. Се наближува крајниот рок за трејдови во НБА-лигата, а Мајкл Бизли е еден од главните кандидати да го напушти тимот. Ниту позицијата на тренерот Волтон не е сигурна, откако тимот сега е на 10-тото место со скор од 27 победи и 26 порази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.