Мајсторката на финалето на АБА-лигата меѓу Црвена звезда и Будуќност започна со еден час задоцнување по хаосот што настана во салата „Пионир“ кој го направија домашните навивачи кои влетаа на теренот, испоровоцирани од играч на Будуќност. Од трибините се испразнети првите редови, како што се играше и во Подгорица

Кошаркарот на Будуќност, Норис Кол, прво со топка удри еден од камерманите присутни во салата, по што полетаа столчиња кон него и кон другите кошаркари на црногорскиот клуб, кои се повлекоа од загревањето.

Звезда ги доби првите два натпревари во Белград, додека Будуќност победи во двата меча во Подгорица, така што за регионалната титула и за место во Евролигата ќе се одлучува во овој меч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.