Претставничката на Националниот совет за безбедност во сообраќајот Џенифер Хоменди и шерифот Алекс Хамилтон се обратија на јавноста на конференција за медиумите, по повод несреќата во која загина Коби Брајант.

Добивме информација дека пилотот за време на летот со себе имал ајпад уред, кој е пронајден на местото на падот, со еден мобилен телефон. Превземен е снимач на трасата на патот, пронајдена е сета очекувана документација, а документирана е состојбата на местото на несреќата. Настанот е можно да се реконструира. Остатоците од хеликоптерот се однесени на натамошна анализа, во тек се разговорите со операторите на контролата на летот. Разговарано е со семејствата пред јавното објавување, семејствата се информирани за натамошните чекори. Нема да ја коментирам содржината на разговорот – навела Хоменди.

Таа пренела детали за падот на хеликоптерот.

Со почит кон приватноста на пилотот, ќе изнесам податок дека тој бил искусен во работата, запослен 10 години во една компанија, како и дека во тек на истиот ден, претходно, летал по ведри временаки услови, еден час порано во однос на летот во кој настрадал. Хеликоптерот се наоѓал на висина од околу 2.130 метри, паѓал со брзина поголема од 400 километри на час, што влегва во категорија на удар со висок интензитет. Хеликоптерот паднал на своеот лево крило – додала Хоменди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.