НБА ги објави резервите за Ол Стар натпреварот 2021 година. Изборот го правеа тренероте на 30 тимови во лигата, а Џејмс харден и Дејмиан Лилард ги предводат избраните кошаркари од двете конференции.

Покрај Харден, за резерви од Истокот се избрани кошаркарите на Бостон, Џејсон Тејтум и Џејлен Браун, Бен Симонс од Филаделфија, Зак Лавињ од Чикаго, Џулиус Рендл од Нујорк и Никола Вучевиќ од Орландо.

На Западот, друштво на Лилард ќе му прават Донован Мичел и Руди Гобер од Јута, Ентони Дејвис од ЛА Лејкерс, Крис Пол од Феникс, Пол Џорџ од ЛА Клиперс и Зајон Вилијамсон од Њу Орлеанс.

За Браун, Лавињ, Рендл и Вилјамсон ова ќе биде прв настап на собирот на најголемите ѕвезди во НБА лигата.

Пред да се одигра НБА натпреварот ќе се одржат турнирот во шутирање тројки и натпреварот во кошаркарски вештини, додека за на полувремето е предвиден турнирот во забивања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.