Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо изјави дека по пристигнувањето во Америка, тој започнал да размислува за можностите што ги имаат црнците во родната Грција.

-Прв пат видов црнец во добар автомобил во САД. Бев шокиран. Се запрашав што се случува? Тоа остави впечаток кај мене. После ова, почнав да размислувам дали мојата земја им дава шанси на луѓето со различна боја на кожа, дури и не само со различна боја на кожа, туку едноставно на оние кои се со потекло од други места? – изјави грчкиот репрезентативец со темна боја на кожата.

Пред два дена, вработен во грчкото Министерство за образование одговори на видео во кое Јанис зборува за расизмот во Грција. Тој напиша расистички коментар и беше отпуштен од работа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.