Најдобриот кошаркар на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо призна дека семејството игра огромна улога во неговиот живот.

– Ако син ми ме прашаше: „Тато, кога ќе ја завршиш кариерата и ќе играш повеќе со мене?“ Би се откажал токму сега, изјави двократниот МВП на НБА-лигата.

Јанис зборуваше за ова за време на разговор со коментаторот Џим Пашке, кој работи на натпреварите на Милвоки 35 години, но се повлекува по сезоната 2020/21.

Пашке рече дека донел таква одлука на барање на неговиот син.

Во 2020 година, грчкиот репрезентативец го продолжи договорот со Бакс за уште пет години, за што ќе заработи 228,3 милиони долари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.