Грчката кошаркарска репрезентација денеска забележа победа над чешката селекција со 84-77 во натпревар од второто коло на Светското првенство. Разликата од седум поени е недоволна за Грците да се надеваат на пласман помеѓу осумте најдобри. Нив им беше потребен триумф од најмалку 12 разлика.

Во последниот дуел од К-групата, ќе се соочат САД и Бразил.

Американците се прв на табелата со осум бода и обезбеден пласман во четвртфиналето. Во моментов Грција е втора со осум бода, исто толку има и Чешка, додека Бразил освои седум бода.

На Бразилците им треба триумф против САД за влез во четвртфиналето, во спротивно Чешка ќе оди во елиминациската фаза. Светското првенство во Кина се одржува од 31 август до 15 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.