Женската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе уште еден катастрофален пораз во квалификациите за ЕП 2021 и тоа на домашен терен од селекцијата на Летонија со огромни 59 поени разлика (98-39).

Илина Селцова со само 17 години беше најефикасна во нашиот тим со 11 поени, а со тоа и единствена со двоцифрена реализација.

Македонија по првите две кола е убедливо последна во групата во која се уште и Хрватска и Германија. Наш следен противник е Хрватска на која ќе ѝ гостуваме точно по една година, односно на 12 ноември 2020 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.