Голден Стејт го совлада Феникс со 118:96 со што се врати на првото место во НБА лигата. „Воините“ имаат скор 19 победи и три порази, додека „сонцата“ се веднаш зад нив со 19 победи и четири порази.

Со овој триумф, Голден Стејт му се реваншира на својот противник за поразот од пред три дена кога Феникс славеше на домашен терен со 104:96. Во меѓувреме, вчера Феникс играше и против Детроит, по што неговите кошаркари немаа сила да им се спротивстават на расположените играчи на Голден Стејт.

Стеф Кари беше најефикасен во победничката екипа со 23 поени, додека Ендрју Вигинс и Гери Пејтон вториот реализираа по 19 поени.

Во редовите на Феникс не играше најдобриот стрелец, Девин Букер, кој се повреди на претходниот дуел против Голден Стејт и ќе мора да паузира неколку натпревари. Поразот од Голден Стејт стави крај на триумфалната серија на Феникс чии кошаркари имаа нов клупски рекорд од 18 победи по ред.

Најефикасен беше Деандре Ејтон со 23 поени, но ниту еден друг негов соиграч не постигна повеќе од 12 поени.

Резултати од останатите натпревари:

Индијана  – Мајами  104:113

Вашингтон – Кливленд  101:116

Атланта – Филаделфија  96:98

Бруклин – Минесота  110:105

Хјустон – Орландо  118:116

Далас – Њу Орлеанс  91:107

Јута – Бостон  137:130

ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс  115:119

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.