Стивен Џексон ќе го исполни ветеното од минатото и се пријави за добивање старателство на Џиана.

Поранешниот НБА кошаркар кој со Сан Антонио спарс дојде до титулата, Стивен Џексон изјави дека планира да се пријави за добивање на старателство на шестгодишната Џиана, ќерката на убиениот Џорџ Флојд.

Многу работи ќе и недостасуваат, а јас ќе бидам тука за неа. Ќе ја однесам до олтарот кога ќе дојде време за тоа. Ќе бидам постојано тука за Џиџи. Флојд не може, но јас сум тука. Тука сум за да се изборам за правдата. Правдата за мојот брат – наведе Џексон.

Стивен Џексон на протестите во чест на Флојд и полициската бруталност се појави заедно со Џиана и притоа одржа моќен говор.

 Флојд од Тексас се досели тука во Минеаполис за да може да заработува повеќе, за да може да биде подобар родител. Дојде во Минеаполис за да вози камиони. Потребна ни е правда, мораме да дојдеме до правдата – рече Џексон.

На протестот моќна порака испрати и малата Џиана.
„Тато го промени светот“, рече Џиана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.