НБА тимот на Филаделфија севентисиксерс има интерес за ангажман на кошаркарот на Мемфис гризлис, Раџон Рондо и ја следи ситуацијата со евентуално откупување на договорот на ветеранот.

Сегашниот договор на Рондо истекува следното лето, а сезонава ќе заработи 7,5 милиони долари.

Рондо има историја со тренерот на Филаделфија, Док Риверс, со кого, како членови на Бостон, ја освоија НБА титулата во 2008 година.

Рондо стана член на Мемфис ова лето по размената со која Ерик Бледсо заврши во Лос Анџелес клиперс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.