Ентони Дејвис не играше во второто полувреме на дуелот против Денвер нагетс, откако во втората четвртина ја влоши повредата на ахиловата тетива со која се мачеше изминатите десетина денови. Како што соопштија по натпреаврот од ЛА Лејкерс, точното ниво на повредата ќе биде познато откако Дејвис ќе направи магнетна резонанца.

По сударот со нозе со центарот на Денвер, Никола Јокиќ, Дејвис шутираше две слободни фрлања, превиткувајќи се од болка додека беше на линијата. Откако ги погоди двата шута, Дејвис со значително кривење замина во соблекувалната.

По тој момент „езерџиите“ не можеа рамноправно да му се спротивстават на разиграниот Денвер, кој славеше на крајот со резултат од 122:105.

Шест кошаркари кај Денвер завршија со двоцифрен број на поени, предводени од Џамал Мареј (25) и Никола Јокиќ (23), додека кај Лејкерси најефикасен беше Леброн Џејмс со 22 поени.

Резултати од останатите натпревари:

Вашингтон – Бостон  104:91

Торонто – Минесота  112:116

Шарлот – Сан Антонио  110:122

Детроит – Њу Орлеанс  123:112

Далас – Портланд  118:121

Оклахома Сити – Милвоки  114:109

Феникс – Орландо  109:90

Сакраменто – Мемфис  110:124

ЛА Клиперс – Кливленд  128:111

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.