Кошаркарите на Филаделфија 76-ерс, Џоел Ембиид и Бен Симонс се исклучени од Ол-стар натпреварот во Атланта поради контакт со позитивно лице на коронавирус, објави НБА-лигата.

Ол стар натпреварот е закажан за доцна вечерва по наше време, а sвездите на Сиксерс отпаднаа затоа што беа во контакт со заразено лице, пренесува Хина.

Ембид и Симонс посетија фризерка позитивна на коронавирус пред да отпатуваат во Атланта. Двајцата играчи пристигнаа во Атланта, но тие не беа во контакт со другите sвезди. НБА не планира да замени ниту еден играч во списокот на Ол-Стар.

Ембид требаше да игра во почетната петорка на Тимот Дурент, а Симонс беше назначен како резерва за тимот на Леброн.

Ол-стар дуелот ќе има хуманитарен карактер, така што тимот на Џејмс ќе игра за Thurgood Marshall College фондот, а Дурант за United Negro College фондот, кој помага во образованието на афро-американските деца

Вкупно ќе бидат собрани 1,75 милиони долари. Првично, секој фонд ќе добие 500.000, а потоа 150.000 ќе бидат донирани на фондот чиј тим победи во секоја од првите три четвртини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.