Еден од најдобрите словенечки кошаркари Лука Дончиќ има потекло од Косово. Ова го открива братот на неговиот дедо кој и денеска живее во селото Бича на Косово.

Стојан Дончиќ вели дека се горди на Лука и на неговиот успех и оти не пропушта ниту еден натпревар во НБА лигата кога тој настапувва.

Единствено што му е жал што тој одбрал да настапува за репрезентацијата на Словенија наместо за Србија. Жали и за тоа што Лука никогаш не дошол во неговото село.

Со таткото на Лука се слушам на телефон. Но, сега не е погоден момент за Лука да дојде овде но и времето си го направи своето. Се одалечи од корените-вели неговиот дедо.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.