Легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан ги објави имињата на според него најдобрите пет играчи во историјата на овој спорт. Џордан покрај тоа што се вброи себе си меѓу најдобрите го вклучи и некогашниот соиграч од шампионската генерација на Чикаго булс, Скоти Пипен.

Другите тројца се Меџик Џонсон, Хаким Олајџувон и Џејмс Ворти.

Ова се момците со кои играв во ист тим и против кои се соочив на теренот. Кога сè е сериозно, тогаш ќе ги изберам оние што ги знам, изјави Џордан.

Ворти и Џонсон беа дел од ЛА лејкерс, додека Олајџувон беше препознатлив симбол за Хјостон рокетс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.