Со реализирани 50 поени, осум скока и четири асистенции, Џејсон Тејтум, ги предводеше Бостон селтикс до победа против Вашинктон визардс со 118:110, со што на својот тим му обезбеди место во плејофот.

Покрај Тејтум, одлична партија пружи и Кемба Вокер, кој мечот го заврши со 29 поени и седум скокови.

Со победата, „Келтите“ го добија седмото место во Источната конференција со што во првото плејоф коло ќе играат против Бруклин нетс.

Кај Вашингтон, најдобри беа Бредли Бил со 22 поени, девет скока и шест асистенции и Расел Вестбрук кој имаше дабл-дабл од 20 поени и 14 скока. Тие двајца, заедно со нивните сограчи ќе имаат уште една шанса да обезбедат место во плејофот.

Во конечната пресметка за осмото место на Истокот, Вашингтон ќе игра против Индијана пејсерс која убедливо го победи Шарлот хорнетс со резултат 144:117

Ошае Брисет беше најефикасен кај Индијана со 23 поени, додека Домантас Сабонис мечот го заврши со 14 поени, 21 скок и девет асистенции, додека кај Шарлот, најефикасен беше Мајлс Бриџис со 23 поени, на што додаде осум скока и четири асистенции.

Резултати плеј-ин 

Индијана  – Шарлот  144:117

Бостон – Вашингтон  118:100

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.