Легендарниот НБА кошаркар, Карим-Абдул Џабар, на аукција продаде четири свои шампионски прстени за сума од три милиони долари. Парите се наменети за добротворни цели.

Со Милвоки Бакс, Џабар бил шампион во 1971 година, а во 80-те години од минатиот век пет пати ја освојувал титулата со ЛА Лејкерс.

Четири од тие шест шампионски прстени Карим ставил на аукција, кои беа продадени за 2,8 милиони долари.

Најголем дел од парите ќе одат во мојата фондација чија мисија е да им пружи на децата шанса за „шут што не може да биде блокиран“. Оние деца што немаат доволно средства ќе испраќаме во националните паркови за да ја искусат природата и за да учат за науката и технологијата, истакнал Џабар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.