Два члена на италијанскиот кошаркарски клуб Викторија Либертас Пезаро се заразени со коронавирус, потврди клубот. Клубот, кој од 1975 до 2014 година го носеше името Скаволини Пезаро, е првиот клуб во некоја голема европска кошаркарска лига што објави дека негови членови се позитивни на „Ковид-19“.

„Клубот ги презеде сите мерки во согласност со препораките на здравствените организации“, се вели во соопштението.

„Најважната работа за нас е да ги заштитиме играчите. Клубот е затворен до понатамошно известување“, соопшти претседателот на клубот, Лучијано Амадори.

Песаро во моментов е на последното место за пласман во италијанскиот шампионат.

Клубот не одиграл ниту еден натпревар од 9-ти февруари, па не постои опасност да заразиле некого од играчите на противничките екипи со кои играле. Тие го загубија последното коло од Бриндизи, а пред тоа и од Виртус од Болоња, во кој има тројца Срби – Милош Теодосиќ, Стефан Марковиќ и тренерот Александар Ѓорѓевиќ, поранешен тренер на Србија.

Сепак, со оглед на тоа што се потребни две недели за инкубација од вирусот, не постои опасност двајцата играчи на Песаро да го загрозат здравјето на останатите играчи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.