Денес, 16 септември, на 77-годишна возраст, почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ. Ова го соопшти претседателот на клубот Раднички, Горан Калиниќ.

– Денес во 6.50 часот Душан почина во болница во Белград, го цитира Калиниќ „Спорт клуб“.

Ивковиќ работеше со клубови од Србија, Грција, Русија и Турција, а исто така ја водеше репрезентацијата на Југославија од 1988 до 1995 година. Заедно со репрезентацијата, трипати го освои Европското првенство и еднаш го освои Светското првенство.

Toj почина од последица на вода во белите дробови и херпес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.