Ненадејната и трагична смрт на Коби Брајант ги преплави насловните медиуми на сите светски познати медиуми и загубата на еден од најголемите играчи во историјата на кошарката ги расплака сите љубители на овој спорт, а иако болката кај оние кои го познаваа ќе трае со години, луѓето кои се задолжени за опсервација и анализа на целиот немил настан работат со полна пареа.

Засега уште не се даваат точни информации за главната причина поради која дошло до кобниот инцидент, но по тоа што го понуди американскиот одбор за национална безбедност, може да се заклучи дека сите патници во хеликоптерот немале никаква шанса да го преживеа падот.

Оваа организација употреби дрон за да се извадат првите фотографии од непристапниот терен каде се урнал хеликоптерот во кој животот го загубија Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка и уште седум други патници, а од прикажаното во видеото, дефинитивно се заледува крвта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.