Словенецот Лука Дончиќ моментално е една од најголемите млади НБА-ѕвезди поради осличните игри за Далас Маверикс, а додека вози автомобил, тој се релаксира и со песни од македонски пејач.

Секако, се работи за Тоше Проески. Дончиќ на својот „Инстаграм“ профил често објавува видеа додека вози и слуша музика, а последното е од нумера на најпознатиот македонски пејач.

„Игри без граници“ свиреше во автомобилот на Лука, додека тој возеше низ Далас пред мечот со Лејкерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.