Девин Букер, со својот прв трипл-дабл во кариерата ги предводеше Феникс санс до победа против ЛА Клиперс со 120:114 со што „сонцата“ поведоа со 1:0 во победи во финалето на Западната конференција во НБА лигата.

Букер го заврши натпреварот со учинок од 40 поени, 13 скокови и 11 асистенции, со што го оствари првиот плејоф трипл-дабл за Феникс по Стив Неш во 2005 година.

Покрај Букер, уште петмина други кошаркари на тимот од Аризона пимаа двоцифрен учинок, од кои најмногу Деандре Ејтон, кој мечот го заврши со 20 поени.

Кај Клиперси, најефикасен беше Пол Џорџ со 34 поени, додека Реџи Џексон запиша 24. Освен овие двајца, само уште Демркус Казнс со 11 поени имаше двоцифрен поентерски скор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.