Кошаркарите на Феникс санс и на Милвоки бакс, Девин Букер и Јанис Антетокумпо, се прогласени за играчи на неделата во Западната и Источната конференција на НБА лигата.

Букер во текот на минатите седум дена имаше просек од 33 поени, 4,3 асистенции и 2,8 скока и по натпревар на четири натпревари, при што Феникс победи на три од нив.

Антетокумпо го предводеше Милвоки до три победи на три натпревари, со просек од 37 поени, 10,7 скока и 5,7 асистенции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.