Демар Дерозан постигна 31 поен, а Зак Лавињ додаде 21 за Чикаго булс, кој со пресврт во последната четвртина дојде до победа против Њујорк никс од 109:103.

Голема заслуга за пресвртот во клучните моменти беше и Коби Вајт, кој реализира 10 од своите 14 поени токму во четвртата четвртина.

За Чикаго ова е втора победа по ред, а со неа, „биковите“ се искачија на делба на првото место во Источната конференција, каде што заедно со Бруклин нетс имаат скор од 12 победи и пет порази.

Џулиус Рендл беше најдобар во редовите на Њујорк, со 34 поени (13-18 шут од игра) и 10 скокови.

Резултати на останатите натпревари:

ЛА Клиперс – Далас  97:91

Детроит – ЛА Лејкерс  116:121

Феникс – Денвер  126:97

Голден Стејт – Торонто  119:104

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.