Лука Дончиќ одигра уште еден блескав натпревар со што го предводеше Далас маверикс до победа против Бостон селтикс со 113:108.

Словенечкиот кошаркар го заврши натпреварот со 36 поени (11/15 од игра, 7/11 за три поени), осум скокови и пет асистенции, со што му ја донесе втората победа по ред на својот тим.

Фантастична партија одигра и кошаркарот на Феникс санс, Девин Букер, кој со 45 поени (со шут 17/24), четири скокови и четири асистенции го предводеше својот тим до победа против Чикаго булс со 121:116.

Со оваа победа, „сонцата“ од Феникс се зацврстија на втората позиција во Западната конференција, но и во целата лига со скор од 33 победи и 14 порази.

Резултати од синоќешните натпревари:

Детроит – Портланд  101:124

Индијана – Мајами  87:92

Бостон – Далас  108:113

Бруклин – Хјустон  120:108

Минесота – Њујорк  102:101

Оклахома сити – Торонто  113:103

Мемфис – Јута  107:111

Сан Антонио – Сакраменто  120:106

ЛА Лејкерс – Милвоки  97:112

Феникс – Чикаго  121.116

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.