Бредли Бил постигна 32 поени со што го надмина рекордот на Мајкл Џордан од 17 последователни натпревари на стартот на некоја НБА сезона во кои постигнал 25 или повеќе поени. овој рекорд Џордан го постави во сезоната 1988/89 кога ја почна сезоната со 16 натпревари на кои постигна барем 25 поени

Што е поважно за Бил е тоа што со ваквиот учинок, тој го предводеше Вашингтон до победа на готувањето кај Мајами со 103:100. Во овој триумф, Бил додаде осум скокови и четири асистенции.

Кај Мајами, кој лани загуби во големото финале, а во моментов има скор од седум победи и 14 порази, најефикасни беа Тајлер Хиро (20), Џими Батлер (19) и Бам Адебајо со 17 поени.

Резултати од синоќешните натпревари:

Милвоки – Индијана  130:110

Шарлот – Фладелфија  111:118

Атланта – Далас  116:122

Чикаго – Њујорк  103:107

Кливленд – ЛА Клиперс  99:121

Мајами – Вашингтон  100:103

Оклахома сити – Хјустон  104:87

Сан Антонио – Минесота  111:108

Њу Орлеанс – Феникс  123:101

Сакраменто – Бостон  116:111

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.