Кошаркарот на Вашингтон, Бредли Бил ноќеска на натпреварот со Њу Орлеанс (106:124) постави уникатен анти-рекорд во НБА-лигата. Дваесет и седумгодишниот Американец стана првиот кошаркар во историјата на лигата кој изгубил 10 натпревари по ред, кога постигнал 40 или повеќе поени.

На натпреварот против Пеликанс, Бил постигна 47 поени, но не му помогна на неговиот тим да го избегне поразот.

Претходно, рекордот му припаѓаше на Волт Белами, кошаркарот го постави пред 60 години (9 порази по ред, сезона 1961/1962).

Вашингтон се најде на последното, 15. место на табелата во Источната конференција со три победи и 11 порази.

Во сезоната 2020/21, Бредли Бил има просек од 34,4 поени, 5,4 скока и 4,8 асистенции по натпревар.

Резултати во останатите натпревари:

Шарлот – Индијана  106:116

Кливленд – Детроит  122:107

Орландо – Сакраменто  107:122

Атланта – Бруклин  128:132  (прод.)

Мајами – Денвер  82:109

Филаделфија – ЛА Лејкерс  107:106

Торонто – Милвоки  108:115

Сан Антонио – Бостон  110:106

Феникс – Оклахома сити  97:102

Јута – Далас  116:104

Голден Стејт – Минесота  123:111

Мемфис – Чикаго  (одложена)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.