НБА лигата продолжува со активностите за одбележувањето на својата 75-годишнина. Овој пат најсилната кошаркарска лига на светот објави партнерство со Формула 1.

За да го одбележат почетокот на јубилејот на лигата и почетокот на Големата награда на Америка што се враќа по двегодишна пауза, НБА и Формула 1 постепено ќе објавуваат ексклузивни слики од болиди на тркачката сесија стилизирани низ лигата.

Првите 10 слики се објавени на социјалните мрежи и ќе бидат посветени на клубовите од Централната и Пацифичката дивизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.