Најдобриот македонски кошаркар за минатата година, Бојан Трајковски е нов кошаркар на прволигашот Гостивар, кој сериозно се засилува под обрачите за продолжението од сезоната, објави порталот „Гостивар прес“. Трајковски сезоната ја почна во унгарски Пакс, но пред неколку денови го раскина догоорот со овој клуб и како слободен играч сега се договорил со Гостивар, па од понеделник треба да им се придружи на новите соиграчи.

Гостивар по 12 кола е четвртопласиран на табелата со скор 8-4, а пред нив се само Работнички како лидер со скор 11-1, а МЗТ Скопје и Блокотехна имаат скор 10-2.

Трајковски е македонски репрезентативец кој во својата кариера играше за Балкан Стил, Работнички, Фени Индустри, Торус, Куманово, МЗТ Скопје и Карпош Соколи, додека во странство беше дел од Сигал Приштина и Чарни Слупск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.