Кошаркарите на Атланта хоукс го шокираа првопласираниот тим во Источната конференција, Филаделфија севентисиксерс и во одлучувачкиот, седми натпревар на гости славеа со 103:96. Со овој триумф, Атланта по 50 години пауза се пласира во конференциското финале, каде што ќе се сретне со Милвоки бакс.

Од почеток до крај, натпреварот беше прилично изедначен.

Најдобриот играч на Атланта, Тре Јанг, имаше учинок од 21 поен и 10 асистенции, но со мизерен процент на прецизност на шут од поле (5-23). Сепак, кога беше најпотребно, во последните шест минути, Јанг постигна 10 поени, вклучувајќи ја и клучнта тројка на 2,5 минути до крајот за водство од 93:87.

Најефикасен кошаркар во победничката екипа беше Кевин Уертер со 27 поени, додека данило Галинари реализира 17, Џон колинс 14, а Клинт Капела 13 поени.

Во редовите на Филаделфија имаше само тројца расположени кошаркари. Центарот Џоел Ембид запиша 31 поен и 11 скокови, но и осум загубени топки. Тобајас Херис постигна 24, а Сет Кари 16 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.