Екипата на Атланта хоукс продолжува со неверојатното напредување низ плејофот во Источната конференција на НБА лигата. Тимот што регуларниот дел од сезоната го заврши на петтата позиција во Источната конфренција и на кого ретко кој му даваше шанси за значаен успех против фаворизираните противници, покажа дека „не се шегува“ и во првиот натпревар од источното финале славеше на гости против вториот носител, Mилвоки.

„Јастребите“ славеа со 116:113 пред се благодарејќи на третата четвртина, која ја добија со осум разлика и во последниот дел од средбата влегоа со предност од три поени, што ја зачуваа до крајот.

Атланта беше предводена од феноменалната партија на Тре Јанг кој мечот го заврши со 48 поени и 11 асистенции, а за трипл-дабл му недостассуваа само уште три скока. Покрај Јанг, уште двајца негови соиграчи остварија дабл-дабл. Џон Колинс имаше 23 поени и 15 скокови, а Клинт Капела го заврши мечот со 12 поени и 19 скокови.

Милвоки имаше двајца со над 30 поени, Јанис Антетокумпо (34) и Џру Холидеј (33), но потфрли Крис Мидлтон кој го заврши мечот со 15 поени, но имаше очаен шут од поле 6-23 и ги утна сите девет обиди за три поени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.