Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски, кој настапува за Универзитото Вашингтон стејт во американската кошаркарска НЦАА лига, ги продолжи одличните настапи од почетоктот на сезоната.

Јакимовски, кој сезоната ја почна од клупата за резерви, во последните два средби ги почна средбите во првата петорка и довербата на стручниот штаб ја награди со двоцифрен број поени.

Во последниот дуел, Јакимовски постигна 11 поени за победа против Ајдахо со 61:58, што за Вашингтон стејт беше четврта победа во исто толку одиграни натпревари. Јакимовски одигра 21 минута, а покрај 11 поени (3/4 за три и 1/2 за два поени), запиша и четири скока и една асистенција.

Со овој триумф, Вашингтон стејт се израмни на врвот на табелата со великаните во американската универзитетска кошарка Аризона и Јута, кои имаат скор 4-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.