Александар Тодоров денеска беше промовиран во нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Тодоров го наследува Јорданчо Давитков, кој досега ги водеше најдобрите македонски кошаркари. Тој ќе дебитира на новата функција во февруари, кога Македонија се среќава со Естонија и Русија на стартот на квалификациите за ЕП.

Четириесет и шестгодишниот Тодоров во кариерата има водено 15-ина домашни и странски екипи, а моментално е тренер на романскиот прволигаш Крајова.

Како свои главни цели, тој ги истакна пласманот на Европското првенство во 2021 година и подмладувањето на селекцијата.

Имаме неколкумина млади играчи кои се успешни во своите клубови, што во домашното првенство, што во странство и тие ќе добијат шанса. Сепак, подмладувањето нема да биде алиби, туку има потреба да им се даде шанса на тие деца, зашто тие ќе бидат костурот на репрезентацијата во иднина, изјави Тодоров.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.