Напаѓачот на Реал, Лука Јовиќ, даде трет негативен тест за коронавирус, пренесува „АС“.

Според прописите на Ла Лига, тоа значи дека српскиот напаѓач може да биде вклучен во групата за претстојниот натпревар.

Во четврток вечерта „Лос Бланкос“ ќе биде домаќин на Виљареал, а доколку победат и официјално ќе ја освојат 34-тата шампионска титула.

Денес Јовиќ ќе се приклучи на тренингот на мадридскиот тим. Досега, новиот додаток на лидерот во Шпанија има два гола и две асистенции за 770 минути, распоредени во над 25 натпревари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.