Хонда во петокот објави дека ќе излезе од Формула 1 на крајот на 2021 година. Јапонскиот производител на автомобили моментално ги снабдува со мотори тимовите на Ред Бул и АлфаТаури.

Компанијата соопшти дека одлуката е донесена заради „периодот на голема трансформација еднаш во сто години“ во кој поминува автомобилскиот производител.

Хонда ќе работи заедно со Ред Бул Рејсинг и Скудерија АлфаТаури за да продолжи да се натпреварува и да се стреми кон повеќе победи сè до крајот на сезоната 2021 година, изјави производителот на автомобили.

Одлуката значи дека само Мерцедес, Ферари и Рено ќе останат снабдувачи на мотори во Формула 1. Според сегашните правила, во случај двата тима да не постигнат договор со која било од компаниите, Рено ќе биде обврзан да ги снабдува со мотори бидејќи има најмалку клиенти во конкуренција. И Ред Бул и АлфаТаури потпишаа договор за натпреварување во Формула 1 до крајот на 2025 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.