Публиакта во Грција сè уште нема да може да присуствува на спортски настани, беше објавено во вторникот од кабинетот на премиерот Кирјакос Мицотакис.

Грчките здравствени власти првично одлучија да дозволат ограничен број на гледачи на стадионите од 31 октомври, ограничувајќи го нивниот број на 10 проценти од капацитетот или до 3.500 луѓе.

Одржувањето натпревари, дури и со неколку гледачи, би испратило погрешна порака до граѓаните, се вели во соопштението на владата.

Вчера во Грција имаше 438 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Така, вкупниот број на заразени од избувнувањето на пандемијата се искачи на 25.802.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.