Заменик генералниот секретар на ФИФА, Звонимир Бобан заминува од светстката фудбалска федерација поради ангажман во италијанскиот клуб Милан.

Хрватската фудбалска легенда ќе биде новиот генерален фудбалски секретар на клубот во кој долго време играше активно како фудбалер, а новиот предизвик го прифатил од голема желба да му помогне на својот клуб и да го врати таму каде што му е местото.

Многу ми е жал што ќе ја напуштам ФИФА, но таа одлука ја донесов следејќи го своето срце и страст, како што тоа го правев кога го прифатив предизвикот и се приклучив на ФИФА. Милан е моето семејство, а градот Милано и државата Италија се мојот дом, изјави Бобан.

Инаку, 50-годишниот Хрват досегашната функција во ФИФА ја вршеше од 2016 година, а бил вклучен во многу реформи кои ќе остават трага во историјата на фудбалот и помогнале да се врати нарушениот имиџ на оваа фудбалска организација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.