Фудбалерот на Челзи, Оливие Жиру постигна четири  гола на натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Севилја. Тој е првиот автор на покер за „сините“ од Лондон во последните 10 години. Воедно, Французинот со 34 години и 63 дена, стана најстариот творец на покер во историјата на елитното фудбалско натпреварување.

Челзи ја совлада Севиља со 4:0 и го обезбеди првото место во Е-групата.

Претходниот за Челзи четири гола има дадено сегашниот тренер Френк Лампард, во март 2010 година против Астон Вила

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.