Застапникот на Жоржињо ги демантираше гласините дека Барселона е заинтересирана за играчот.

– Не сум разговарал со претставници на каталонскиот клуб. Единствениот клуб со кој разговаравме во последните недели е Челзи. Приоритет е продолжување на договорот, изјави Жоао Сантос во интервју за „Релево“.

Претходно беше објавено дека Барселона сака да го ангажира Жоржињо во зимскиот преоден рок.

Актуелниот договор на Бразилецот со италијански пасош, со Челзи е до крајот на сезоната.

Жоржињо оваа сезона одигра 11 натпревари во Премиер лигата и постигна два гола



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.