Животот на Нахила Триндаде која го обвини Нејмар за силување се претворил во пекол. Во интервју таа објаснува дека постојано добива закани, а говори и за грабежот кој се случил. Сето тоа влијаело на нејзиното здравје.

Мислам дека сега не е најдобро време да продолжам да зборам за тоа и дополнително да се истакнувам. Морам да се опоравам, воопшто не сум добро. Имам панични напади, не можам да се грижам за мојот син. Не спијам, пијам антидепресиви и бидејќи не можам да јадам, загубив 10 килограми последнава недела. Ми се случуваат многу лоши работи, ме следат мене и моето семејство. Ми го обија апартманот и ми украдоа работи, се измислуваат многу нешта за мене. Животот ми се претвори во пекол, порачува расплаканата Нахила во интервјуто за „Доминго Еспетакулар“ и додава.

Најголемата грешка што ја направив оваа година е тоа што го реактивирав мојот Инстаграм профил. Ако останеше затворен и деактивиран, мојот живот сега ќе беше мирен, – потенцира девојката која го обвини Нејмар за физички напад и силување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.