Јувентус има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Буфон, објави „Кориере дела Сера“.

Сегашниот договор со 42-годишниот голман истекува во јуни годинава, а нов договор ќе биде дизајниран за една година.

Буфон ги бранеше боите на Јувентус од 2001 до 2018 година. По една сезона мината во Пари Сен-Жермен, голманот се врати во Торино.

Оваа сезона, до прекинот, Буфон одигра 11 натпревари на сите турнири, од кои на три успеа да ја зачува „сува“ својата мрежа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.