Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по победата над Осасуна во 6. коло од Шпанското првенство (2-0), ја пофали играта на талентираните Винисиус и Родриго. Вториот постигна гол само една минута по влегувањето на теренот.

Задоволен сум од Винисиус и Родриго. Често забораваме дека тие имаат само по 18 години. Задоволен сум од двајцата. Ми се допадна како Родриго успеа да ја исконтролира топката пред голот. Беше феноменално, изјави Зидан.

Реал синоќа против Осасуна ги освои бодовите иако во составот немаше неколкумина стандардни првотимци кои добија поштеда од тренерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.