Екипата на Реал Мадрид беше подобар од Атлетико Мадрид и ја освои титулата во Супер Купот на Шпанија кој оваа година се одигра во Саудиска Арабија.

„Кралевите“ победија на пенали и на тој начин му овозможија на тренерот Зинедин Зидан да го задржи максималниот учинок, односно тој како тренер на Реал има девет победи во деветте финалиња со екипата.

На крајот, сите сме заедно и добро се подготвивме за натпреварите. Не знам зошто добивме девет од девет. Тоа е затоа што таков е клубот. Не беше лесно, ние бевме трпеливи, мирни … На полувремето, не знаевме како да се приближиме до голот, но бевме трпеливи. Верувавме до крајот, како и секогаш. Да се освои трофеј никогаш не е лесно особено кога го имате Атлетико за противник. Двата тима имаа шанси. Се уште сме во многу натпреварувања. Мора да бидеме среќни, но има уште многу пред нас. Мора да продолжиме да работиме. Ќе се одмориме малку и пак ќе играме затоа што сега не можеме да размислување за пад на нашето ниво, – порача Зидан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.