ренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, истакна дека е исклучително задоволен од саботниот триумф над Осасуна (2:0) со кој актуелниот шпански првак остана два бода зад лидерот Атлетико Мадрид на четири кола до крајот на сезоната во Ла Лига.

Зидан ја пофали играта на своите фудбалери и изрази особено задоволство што тимот четврти натпревар по ред во шпанското првенство триумфира без примен гол.

– Повторно не му дозволивме на противникот да постигне гол и тоа може да нè радува. Постигнавме убава победа. На крајот среќен сум за моите играчи, бидејќи воопшто не им беше лесно. Во првото полувреме создадовме пет изгледни шанси и беше разочарување што не успеавме да постигнеме гол. На полувремето им реков на играчите дека е важно да бидат трпеливи, да продолжат да играат и работите ќе се свртат во наша полза. На крајот тоа и се случи, изјави Зидан по триумфот на Реал над Осасуна со головите на Милитао во 76. минута и Касемиро во 80. минута

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.