Зинедин Зидан се издигна како феникс кога многумина му предвидуваа отказ, но во ситуација кога францускиот стручњак се најде во ситуација да мора да победи на барем две од трите клучни пресметки, тој триумфираше на сите три.

По важните победи над Севилја на гостински терен и против Борусија Менхегладбах во Лигата на шампионите, Реал Мадрид вечерва славеше и над Атлетико Мадрид во шпанската Примера, со што дефинитивно се врати во игра во битката за титулата во домашното првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.