Францускиот стратег, Зинедин Зидан со две победи се врати на клупата на Реал, но синоќа на „Мастаља“ го претрпе првиот пораз по враќањето кај „кралевите“ каде Валенсија ги совлада со 2-1.

Реал ги покажа слабостите кои го мачат цела сезона, а еден од оние што доби најмногу критики по мечот беше левиот бек Марсело. Бразилецот по враќањето на Зинедин Зидан се врати во тимот, откако кај Сантијаго Солари речиси и да не играше.

Марсело е Марсело. Ми се допаѓа начинот на кој што игра, тој се наоѓа во добра форма. Тренира добро, но знаете дека оваа ситуација е компликувана не само за него туку за сите нас, истакнал Зидан по мечот.

Мислам дека игравме добро, но не можевме да стигнеме до голот. Ништо не направивме во првото полувреме, се обидовме, не ни одеше. Не се виновни играчите. Ова е пораз што мораме да го прифатиме, завршил тренерот на Реал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.